Во новата година, бидете нежни кон своето срце и душа

Во новата година, обидете се да не функционирате според распоред. Здраво е да си поставите цели, но не се потресувајте ако не ги постигнете во зацртаното време.

Не верувајте дека е неуспех тоа што вашето патување трае подолго отколку што првично сте планирале. Запомнете, не можете да контролирате сè, особено не дали работите ќе излезат како што сте сакале. Единствено нешто што можете да контролирате е трудот кој го вложувате, па затоа фокусирајте се на трудот, а не на исходот.

Во новата година, потрудете се да не ги претворите вашите цели во натпревар. Обидете се да не се споредувате со другите луѓе. Секој се движи по свое темпо, па затоа не се обвинувајте себеси дека „заостанувате“. Не сте на трка. Не сте на последно место. Не сте неуспех. Вие давате сè од себе и тоа е она што вреди. 

Во новата година, обидете се да видите убавина во себеси. Ако некој ве повреди или ви го скрши срцето, обидете се да не си ја префрлате вината на себеси. Некои луѓе едноставно не се еден за друг. Некои врски се изградени за да бидат привремени. Дури и ако некој не може да ги види вашите посилни страни, тоа не значи дека и вие треба да го правите тоа. Не дозволувајте нивното незнаење да ја уништи вашата самодоверба. 

Во новата година, обидете се со почит да зборувате со себеси. Обидете се да не се навредувате себеси секојпат кога нешто нема да ви појде од рака. Обидете се да не се нарекувате себеси глупави, грди или чудни. Обидете се да развиете пољубезна и поздрава врска со себеси. Престанете толку да се замарате што мислат другите за вас и работете на тоа како вие се гледате себеси. Обидете се да се сакате себеси.

Во новатата година, дозволете си себеси навистина да чувствувате. Немојте веднаш да претпоставувате дека претерувате кога сте вознемирени. Сфатете дека вашите чувства се валидни. Дозволено ви е да се чувствувате како што сте чувствувате. Имате право на ваши мисли и чувства. Не мора да се замолчувате себеси за никого.

Во новата година, обидете се да развиете позитивни ставови. Бидете нежни со вашето срцет и душа, дури и кога проаѓате низ лош период. Обидете се да ги броите вашите силни страни, наместо да се фокусирате на вашите слабости. Потсетувајте се дека сте прекрасна, убава личност дури и во моментите кога не го чувствувате тоа. Бидете попустливи кон себеси. 

Како што 2021 година полека си заминува, а 2022 започнува, немојте да бидете толку строги кон себеси за работите кои не успеавте да ги направите, за каењата кои ги собравте, за лекциите кои моравте да ги научите. Обидете се да се фокусирате на позитивните работи кои ги поседувате, на истиот начин на кој се фокусирате на позитивните работи кај вашите сакани. Вие им давате толку многу љубов на вашите блиски и време да си дадете малку љубов и на себеси.