Акција во Тетово: Полицијата приведе три лица и пронајде кокаин

Три лица биле приведени во Тетово, откако полицијата кај нив пронашла кокаин.

- Полициски службеници на СВР Тетово, вчеравечер околу 21 часот и 40 минути, на улица „Илинденска“ во Тетово ги лишиле од слобода 29-годишниот Х.Д., 32-годишниот Б.С., 33-годишниот И.А., тројцата од тетовска Мала Речица, затоа што кај нив бил пронајден и одземен кокаин, извести СВР Тетово.

Тие се задржани во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе им биде изготвен соодветен поднесок.