Приведено лице од Гостиварско за доиздржување казна затвор, кај него пронајден и кокаин

Околу 3.20 часот, на улицата Борче Јовановски во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го привеле 38-годишниот А. Б. од гостиварска Симница, извести МВР.

„За него била распишана потерница за доиздржување затворска казна од 1 година и 8 месеци. Притоа кај него бил пронајден и одземен кокаин“, соопшти МВР.

Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа „Затвор Идризово“ за доиздржување на казната.