Пронајден кокаин кај 32-годишник од Тетово

Полициски службеници на СВР Тетово вчера во 17.30 часот го лишиле од слобода  К.И.(32) од Тетово.

При претрес, извршен со судска наредба во домот во кој престојувал, бил пронајден кокаин.

-Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок, соопшти МВР.