Аца Лукас ќе пее во Македонска Каменица, па на Пивофест

Популарниот турбофолкер Аца Лукас годинава ќе биде главна музичка ѕвезда на Пивофест Прилеп кој ќе се одржи од 1-3 септември. 

Но, ова ќе биде втор негов  настап во земјава, со оглед дека ќе пее и во Македонска Каменица на 28. август, по повод Денот на рударите и Денот на општината. 

Аца Лукас ги забавуваше прилепчани и гостите на Пивофест и во 2016 година, а во Каменица ќе настапува за прв пат.