64-годишна жена прегазена во Скопје

64-годишна скопјанка е тешко повредена откако била прегазена од возач со „опел“. 

- На 28.03.2024 во 12.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Јордан Мијалков“  во Скопје, патничко моторно возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано Ј.К.(38) од с.Марино, општина Илинден, удрило во пешакот М.Г.(64) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Г. констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, соопшти полицијата. 

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.