30-годишната пациентка која почина од ковид-19 била бремена

Во вчерашната ковид-статистика имаше две починати млади лица. 32-годишниот битолчанец најпрво одбивал лекарска интервенција, но кога состојбата се влошила бил примен во болница, но било предоцна за да се спаси неговиот живот. 

Починатиот пациент од Велес всушност е 30-годишна трудница. Таа била примена на инфективното одделение со тешка клиничка слика на ковид-19, во петтиот месец од бременоста. 

Девет дена од почетокот на  лекувањето, состојбата ѝ се влошила. И покрај дадената терапија, младата жена развила многу тешка форма на бронхопневмонија и била поставена на механичка вентилација.

За жал, дури и откако била примена на КАРИЛ, не реагирала на ниту една терапија, по што настапила смрт.