„28 Велигденски средби“ во црквата „Св. Петар и Павле“ во Гроно Лисиче

Вo недела, во дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче ќе се одржат традиционалните 28-ми велигденски средби под покровителство на Општина Аеродром.

Велигденските средби традиционално секоја година на Велигден ги организира Црковниот одбор на православниот храм, под покровителство на Општина Аеродром.

Средбата ќе почне во 11:00 часот, веднаш по завршувањето на Велигденската литургија во црквата.

На големиот народен собир со богата културно-уметничка програма ќе настапат голем број естрадни ѕвезди, а според досегашното искуство, се очекува присуство и на голем број граѓани.

Оваа година на Велигденските средби се очекува да настапат Благица Павловска, Благоја Грујоски, Ирена Спасовска, Круме Спасовски, Слаткаристика, Горјан Јовановски – Скипи, Анастасија Петревска, како и културно-уметничкото друштво „Никола Јонков Вапцаров“ од Горно Лисиче и оркестарот „Фортуна“.

Црковниот одбор ги повикува православните верници да се приклучат во прославувањето на овој голем христијански празник и да ја посетат црквата „Св. Петар и Павле“, чии порти се отворени за сите граѓани.