Штекли ги објави раните од куршумите: Бог ги сака храбрите, јас сум благословен

Раде Трајковски – Штекли кој пред неполн месец беше тешко ранет по пукање во трговскиот центар „Ист Гејт Мол“. Уште додека беше во болница тој објави фотографија на која беше видно расположен, а сега на својот Инстаграм објави кратка приказна на која се гледаат раните кој ги добил од куршумите, пет на број.

Штекли објави една од петте прострелни рани со кој се здобил, а во продолжение напишал: “Благословен сум“, „Една од петте“ и „Бог ги сака храбрите.

Ова е втор обид за елиминација на Трајковски и тоа во истиот шопинг центар, но МВР се уште нема осомничени ниту уапсени за овие случаи.