19-годишник крадел велосипеди во скопски Аеродром

Вчера во Скопје полициски службеници од ЕВР Кисела Вода го лишиле од слобода Л.Д.(19) од Скопје.

Тој се сомничи дека на подрачје на општина Аеродром на 02.10. и 25.10.2023 одзел велосипеди.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.