„1000MODS“ на 9-ти ноември во МКЦ

„1000MODS“ за прв пат во МКЦ ќе настапуваат на 9-ти ноември.

Се работи за најуспешниот грчки-рок бенд, кој на 9-ти ноември ќе ја забавува публиката во Скопје.

-Како вчера да беше септември 2011 година, кога „Super Van Vacation“ еднаш засекогаш го смени ликот на европската музичка сцена, со својата неподнослива тежина и монструозни вибрации за винтиџ-вљубениците. Беше јасно, повеќе од кога било: 1000MODS ќе станат пример, инспирирајќи цела генерација музичари како следното големо нешто на растечката хеви рок-сцена - велат од МКЦ.

Бендот е познат по своите турнеи и неверојатни фестивалски настапи, па стекна меѓународна слава. Имаат издадено 4 студиски албуми, а сега настапуваат на повеќе локации низ светот. 

Локална поддршка ќе бидат „Строг пост“ – новоформираното комбо, составено од Филип Букршлиев (гитара), Дени Омерагиќ (бас) и Кристијан Новковски (тапани), познати по својата работа во бендови како Светлост, Палиндром, Fighting Windmills, Taxi Consilium, иформираат од МКЦ.