Започна да се гради новата зграда на Народна банка

Во близина на објектот на Министерството за надворешни работи утрово започнаа градежни активности за изградба на новиот барокен објект на седиштето на Народна банка. 

Поточно, објектот ќе биде сместен на местото на паркот позади Министерството за надворешни и Македонската опера и балет. Парцелата за градилиштето е веќе обезбедена а багерите се натерен веќе неколку денови. Висината на објектот, кога ќе биде готов ќе изнесува 29 метри, а Бетон, компанијата која го гради има рок за изведба од 33 месеци. 

Фото: build.mk