Наскоро започнува изградбата на новиот објект на Народна банка

Новата административна зграда на Народната банка на Република Македонија е предвидено да се гради на местото на сегашниот парк до Министерството за надворешни работи.

Централната банка објави тендер вреден со кој ќе се издигне уште еден објект кој ќе се гради веднаш до објектот на Македонската опера и балет. Новиот објект ќе се гради врз основа на идејното решение на авторите Никола Стакинов и Лазар Димов.

Тендерот за избор на компанија што ќе ја гради административната зграда е отворен до 30 март, за кога е закажано и јавното отворање на пристигнатите понуди. Од Народната банка денеска не излегоа со соопштение за да ги објаснат причините поради кои треба да се гради ново седиште на оваа институција. Како што е општо познато, централната банка ја има една од најмодерните и неодамна реконструирани згради, лоцирана на булеварот Кузман Јосифовски – Питу.

Во соработка со Build.mk