Како ќе изгледа новата зграда на Народна Банка?

Наспроти недостигот на официјални податоци од централната банка, во јавноста излегуваат информации дека административната зграда ќе биде дополнета со неколку скулптури, вклучувајќи и една централна предвидена да се постави на покривот од објектот.

Според податоците во урбанистичкиот план „Мал Ринг“, пред самото здание е замислено да се гради и фонтана со обелиск, која треба да се надоврзе на „барокниот“ архитектонски стил на зградата. Објектот е предвидено да биде висок 29 метри, со приземје, седум ката и поткровје, и со вкупна површина од 24.219 метри квадратни.

Изработеното идејно решение за „барокниот“ објект на Народната банка е дело на авторите Никола Стакинов и Лазар Димов, но истот сеуште не е познато за јавноста. Оваа институција е сместена во една од најпознатите и најголеми згради издигнати по скопскиот земјотрес од 1963 година – препознатливото здание на поранешна „Југобанка“.