Загаденоста во Скопје е ризична по здравјето - препораки за заштита

Не треба да сте генијалци за да знаете дека загадениот воздух бавно ве труе и нанесува штети на вашето здравје. Кога тој е полн со ПМ 10 честички, секое вдишување воздух е вдишување мала доза отров која не ве убива веднаш, но на долг рок ќе ви нанесе многу штета.

ПМ 10 честичките се мали честички кои го загадуваат воздухот. Многу се мали и во себе го содржат целиот отров кој го испуштаат фабричките оџаци, возилата, електроцентралите итн. За да ја сфатите нивната големина треба да знаете дека во точката на крајот од оваа реченица собира неколку илјади такви честички. Тоа што се толку мали им овозможува да пробијат секаде во човечкото тело, а најопасно е кога ќе навлезат во белите дробови. Толку се мали што телото никако не може да се одбрани од нив и штом нападнат, секако навлегуваат во нас. Не им е проблем да стигнат и во најдлабоките делови на белите дробови.

Нема многу надеж, но сепак постојат некои начини да си помогнете во личната борба против загадениот воздух.

1. Престанете да загадувате. Дел од честичките кои ги дишете се создадени лично од вас преку вашиот автомобил. Можете да го оставите дома некој период. Во Македонија има само еден голем град, Скопје, во кој честопати е неопходно превозно средство, но во овој случај транспортот со велосипед е најбрз ако се земат предвид големите гужви. Останатите градови можете да ги изодите од еден до друг крај за помалку од еден час и затоа не ви треба автомобил за да се движите низ нив. Ако имате велосипед, уште подобро.

2. Проверете ја количината на ПМ 10 честичките пред да излезете од дома. На овој линк можете да си ја симнете бесплатната апликација „Мој Воздух". Таа постојано ќе ви дава информации дали е добро или не да излезете надвор во тој момент. Апликацијата е на македонски јазик.

3. Избегнувајте да излегувате во критичните периоди. Ако надвор е премногу загадено, а припаѓате на некоја од ризичните групи, подобро е да не излегувате на отворено.

4. Избегнувајте џогирање во критичните периоди. Оваа прекрасна и здрава активност може да се претвори во многу нездрава ако поради забрзаното дишење додека трчате вдишете и голем број од овие лоши честички и со голема брзина ги пратите во длабочините на белите дробови.