Фото: Полициски кордон на плоштадот „Скендербег“, ДУИ го слави третото место на Османи

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори според кои нивниот кандидат за претседател Бујар Османи е на третото место пред кандидатот за здружената албанска опозиција Арбен Таравари.

Пред тоа полиција направи кордон пред изборниот штаб на коалицијата „Вреди“ на плоштадот Скендербег.

Полицијата е распоредена превентивно, а новинарите се повлечени кон Мавровка кон штабот на Демократско движење.