Скопјани утрово дишат загаден воздух, градот е на 12-то место во светот

Скопјани утрово дишат загаден воздух, градот се најде на 11-то место во светот, а главниот град на Босна и Херцеговина, Сараево, од првото место се спушти на второто, веднаш зад Лахоре главниот град на Пакистан, покажува специјализираната интернет страница Ервижуал (AirVisual) која прибира податоци од целиот свет.

Индексот на загаденост моментално е 161, што воедно е знак дека воздухот е нездрав, а најзастапени се ПМ 2,5 и ПМ10 честичките.

Скопје и Сараево имаат слични климатски неповолности бидејќи се наоѓаат во котлини во кои, при определени временски услови, нема провертрување, има магливост, а загадувањето од индусгтријата, сообраќајот и загревањето на домовите останува во воздухот кој се дише.

На 13-то место се најде Белград, на 15-то место е Приштина со податоци малку подобри од Скопје.