Во Скопје вечерва се живее опасно: Дишеме екстремно загаден воздух, седми сме на листата најзагадени градови

Во Скопје вечерва се живее опасно и се дише екстремно загаден воздух. Бадникарските огнови и зголемената фреквенција на возила, пред празниците си го направи своето и вечерва на скопските улици на се гледа „прст пред око“, но и не се излегува без маска.

Според веб страната iqair, главниот град на Македонија вечерва е на високото седмо место во светот, според индексот на загаденост.

Фотографија направена од камерите поставени на врвот на Водно, покажуваат дека вечерва Скопје е целосно покриено со смог.

Состојбата не беше поразлична и во текот на денот.

Веб страната aqicn.org пак покажува дека на неколку точки во Скопје, вечерва е екстремно загадено. Најлошо е во скопската општина Аеродром, каде на булеварот „Трета Македонска Бригада“ концентрацијата на  ПМ10 честички достигнала до 750 мг/м3 што значи дека граѓаните дишат канцероген воздух. Слична состојба со екстремно загаден и нездрав воздух вечерва е регистрирана и на булеварот „Босна и Херцеговина“ во скопската населба Бутел и на улицата „Божидар Рајковиќ“ во скопската населба Аеродром.

Новогодишните празници и загадувањето ги наполни амбулантите. Грипот почна да зема замав. Според податоците на Институтот за јавно здравје во последната недела од декември регистрирани се 403 заболени, што е двојно повеќе од претходната недела.Лекарите велат традиционално, постновогодишно амбулантите се полни. Најголем дел од симтомите траат до една недела, додека кашлицата знае да е исклучок и да потрае подолго кај некои пациенти.