Маглата и загаденоста ги погодија граѓаните со хронични заболувања

Мозочни удари, висок крвен притисок, проблеми со срцето – ова се најчестите проблеми на што се пожалиле граѓаните во последните неколку денови. 

Маглата сериозно ги напаѓа луѓето со хронични заболувања, па лекарите препорачуваат навреме да се зема терапијата. Од брзата помош велат дека бројот на интервенции е зголемен, но проблемите се карактеристични за неквалитетен воздух за дишење.

Мерните станици и денеска покажаа висок индекс на ПМ 10 штетните материи, доколку ваквото мерење се потврди и во наредните 24 часа, значи дека дишеме три пати повеќе од опасните материи. Граѓаните се навикнале на маглата, во овој период од годината. Но, внимаваат да не останат долго на смогот.

Маглата најопасна во сообраќајот. Маглата предизвикува нервоза и намалена концентрација, тоа се најчестите причини за незгодите, раскажаа докторите од сведоштвата на повредените.