Возачите да внимаваат: Снег на неколку патни правци во Македонија

На патниот правец крак Маврово-Дебар се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила од 21 часот.

Сообраќајот на патниот правец Катланово-Велес кај с. Сопот, поради поголем одрон, од 20.55 часот се одвива наизменично со мали прекини поради чистење на одронот. На самото место се екипите на ЈП „Македонијапат“ и сообраќајната полиција. Екипите на ЈП „Македонијапат“ работат на расчистување на одронот и нормализирање на сообраќајот.

На учесниците им се препорачува крајно внимателно возење и приспособување на брзината кон условите на патот.