ВИП ложа, фасада, пристапни патишта: Националната aрената се адаптира за УЕФА Супер Купот

Фирмата „ВИА“ од Вевчани ќе испорача дополнителни градежни, градежно-занаетчиски и инсталатерски работи за обезбедување услови за одржување на УЕФА Супер Купот на „Телеком Арена“ (Филип Втори) во Скопје.

Со зафатот се корегираат недостатоците утврдени во микс ложата, ВИП ложата, новинарската ложа, како и влезовите на источната и на западната трибина. За обезбедување на услови за одржување на претстојниот фудбалски натпревар се изготви проектна документација од страна на „Балкан Консалтинг“. Покрај предвидените 147 милиони денари за самиот стадион, дополнителни финансиски средства се издвоија и за изградба TV Compound, во кој телевизиските возила ќе се сместат во посебна зона на површина од 3.000 метри квадратни. Овој градежен зафат треба да го реализира фирмата „Жикол“ од Струмица.

Адаптацијата на стадионот во Градски парк се реализира во согласност со извршениот инспекциски надзор од УЕФА. Севкупните активности за адаптација на спортското здание започна уште во текот на минатата година.Европскиот Супер Куп во фудбал ќе се одржи во текот на август годинава. На фудбалскиот стадион во Скопје е предвидено да се сретнат овогодинешниот победник на Лигата на шампиони и првенецот од Лигата на Европа.