Очите на целиот свет свртени кон Скопје: Срцето на градот ќе чука во ритамот на УЕФА Супер Купот

Во следните неколку денови низ Скопје ќе многу затворени улици за сообраќај, полициска опсада низ целиот град и многу фудбалски фанови од целиот свет.

„Телеком арената“

На денот на одржувањето на натпреварот, односно во вторник, во поширокиот појас околу стадионот ќе може да стигнат само навивачите кои имаат обезбедено билети. По можност избегнувајте транспорт со автомобил, или пак истиот паркирајте го на поголема оддалеченост од „Телеком арената“.

Веројатно е повеќе од неопходно да ги наполнете батериите на вашиот мобилен телефон, бидејќи ќе имате можност да направите уникатни фотографии и видео материјали кои ќе ви останат за цел живот.

Покрај Серхио Рамос, Давид де Геа, Лука Модриќ... Жозе Мурињо, Зинедин Зидан  натпреварот  од ложата на Телеком Арената ќе го следат најдобриот тренер во историјата на Манчестер јунајтед, големиот Сер Алекс Фергусон кој цели 27 години седеше на клупата на „црвените ѓаволи“  и легендата на англискиот фудбал и човекот кој речиси целата фудбалска кариера ја помина во Манчестер јунајтед, Сер Боби Чарлтон.


Пристигнување на тимовите

Двата фудбалски тимови ќе пристигнат на аеродромот „Александар Велики“ в понеделник попладне.Први ќе пристигнат фудбалерите на Манчестер Јунајтед со лет од Манчестер со авиокомпанијата „Титан ервејс“ во 12:55 часот. Четириесет минути после нив, односно во 13:35 часот треба да слета и авионот од Мадрид на авиокомпанијата „Ибериа ерлајнс“. Двата тима ќе бидат спроведени до хотелите во кои ќе престојуваат со силно полициско обезбедување, кое ќе биде покрај нив 24 часа додека се во Скопје. Според досегашните информации кои излегоа во јавноста, тимот на Манчестер Јунајтед ќе престојува во хотелот „ТЦЦ Плаза“, а фудбалерите на Реал Мадрид во „Александар Палас“. 

Воедно од ТАВ Македонија  ги известија патниците кои ќе патуваат преку скопскиот аеродром „Александар Велики“ на 7, 8 и 9 август треба да пристигнат на аеродромот 3 до 4 часа пред времето на полетување.

Фан зона

Навивачите на двата тима ќе бидат поделени во посебни фан зони. Таа на Манчестер Јанајтед ќе биде лоцирана кај споменикот на Мајка Тереза, додека навивачите на Реал ќе се собираат на плоштадот „Филип Втори“.

На плоштадот Македонија, пак, в понеделник и во вторник ќе бидат изложени највредните фудбалски пехари - од Лигата на шампионите, Европската лига и Суперкупот, со кои македонските љубители на фудбалот ќе може да се фотографираат.

Во зоната се поставуваат и уредуваат местата определени за 1 на 1 фудбал, шутирање пенали, фудбалски тенис и freestyle фудбал додека за освежување и други активности ќе се погрижат партнерите на УЕФА Pepsi, Heineken, Master Card и Nissan. Интересно е што експерти во freestyle фудбал од Франција ќе ги покажуваат своите способности и ќе ги подучуваат заинтересираните. Секој ќе може да им се придружи и да научи нешто ново и забавно.

Покрај многубројните активности во „неутралната зона“ ќе биде поставена голема бина каде на 7ми DJ Branchez, DJ Mats, ContruDJ и Симона Попоска, а на 8ми DJ Bobi, DJ Dela, Brass Brothers и Сара Мејс ќе ги забавуваат присутните.

Натпреварот исто така ќе може да се следи и на големиот LED видео ѕид на Скопското Кале на „Пиволенд“ со повеќе од 100 видови на пива, гурмански специјалитети и огромна фудбалска еуфорија.

Натпреварот Реал Мадрид - Манчестер јунајтед се игра во вторник на 08.08.2017 година во Скопје со почеток од 20:45 часот.

„Супер Скопје“

Проект наречен „Супер Скопје“ се однесува на забавниот дел, односно организирање на повеќе забави на повеќе локации преку викендите во август и почетокот на септември.

-На 8 август во Скопје се одржува Супер Купот, еден настан кој е од исклучително значење за Град Скопје. Тука се подготвува забава за Град Скопје. Она што е значајно и што е традиционално, а тоа е Пиволендот кој што почнува на 7 август и завршува на 12 август. Оваа година ќе биде збогатен со појаки музички ѕвезди или групи, најави скопскиот градоначалник.

За време на  викендите, на локациите каде што ќе се одржуваат овие забави, работното време ќе биде зголемено за еден час.

-Овој проект е подготвуван заедно со сопствениците на угостителски објекти на повеќе локации од Градот Скопје. Една од локациите е покрај кејот, кафанчињата и рестораните покрај кејот. Забавата таму ќе биде на 18 и 19 август. Потоа во Чаршија на 25 и 26 август. На улица „Македонија“ на 1 и на 2 септември ќе биде забавата, а на улицата „Боемска 1 и 2“ ќе биде на 8 и 9 септември. Тоа значи дека на сите овие четири локации во викендите ќе има забава, при што секој од овие локации, сопствениците и менаџерите на овие објекти, се договорија да биде на две локации, истакна Трајановски.

Забавите би се случувале така што на пример, во петок тие ќе бидат концентрирани на улица „Боемска 1“, а во сабота на улица „Боемска 2“.

-Покрај тоа, би сакал да кажам дека на 8 август во Скопје се одржува Супер Купот, еден настан кој е од исклучително значење за Град Скопје. Тука се подготвува забава за Град Скопје. Она што е значајно и што е традиционално, а тоа е Пиволендот кој што почнува на 7 август и завршува на 12 август. Оваа година ќе биде збогатен со појаки музички ѕвезди или групи, потенцира скопскиот градоначалник.