Туристичките агенции за заштеда од 100 евра може да „зацрнат“ 50 семејства, предупредува еден турист

Анонимен член на фејсбук групата „На одмор во Грција“ со објава која ги замисли туристите кои на одмор патуваат со автобус. 

Тој во својот пост алармира дека туристичките агенции, за заработка од 100 евра, ризикуваат живот на голем број патници и судбини на голем број семејства. 

Ова е неговата порака до агенциите, но и патниците! 

- Не сакам да ја именувам агенцијата, но се надевам ќе прочитаат и сопствениците на туристичките агенции и патниците кои одат на одмор со автобус. Пред да патувате прашајте дали има двајца возачи. Бидејќи нас и на одење и враќање не возеше еден возач, кој кажа дека станал во 3 наутро, а се вративме во 21:00 навечер во Скопје. Да напоменам дека автобусот потоа продолжи кон друг град.

Возачот уморен, едвај гледа, на волан 20 часа и само кажува тоа му е рутина. Во автобусот над 25 млади деца по 17-18 години, родители со мали деца. Водич беше возачот, пасоши делеа патниците бидејќи немаше ни водич, а по закон мора да има.

Дали туристичките агенции, т.е сопствениците не размислуваат дека за 100 евра плус заработка, наместо да ангажираат уште еден возач може да зацрнат 50 семејства.

Сигурно газдите ќе си поминат без казни за жал, но жално за патниците и нивните семејства.

Исто така од граница до Скопје немаше ниедна полициска контрола, да изврши увид на превозникот, дали се почитуваат законите за вршење превоз. Затоа, доколку во агенцијата ви потврдат дека е еден возач, подобро платете си такси, предупредува тој.