Видео: Автобусот кој вози кон Европската унија

Со месеци владее хаос во јавниот градски сообраќај во Скопје бидејќи приватните превозници не се вклучени во превозот и поради тоа возат само автобусите на ЈСП Скопје.

На социјалните мрежи беше објавено видео од автобусот со број 9, а може да се забележи дека е преполн.

-Автобусот кој вози кон Европската унија. Со часови се чека 9-ка, а и друг автобус да дојде исто е. Пуштете ги приватните автобуси зашто народот се истепа во метежот, срамота е ова, се само дел од реакциите на граѓаните.