Нечисти крш возила, некултурни шофери - Скопјанец револтиран од јавниот превоз

Револтиран скопјанец на социјалните мрежи го искажа своето незадоволство од јавниот превоз во Скопје.

Како што вели Н.А. условите во двокатните автобуси се прелоши, а наведува и конкретни примери.

-Недела 21.08, возило 1096 на линија 27 вози без клима и се тресе целиот, нечисто внатре;

- Сабота 20.08, возило 1268 на линија 5 исклучително револтиран и некултурен возач кој не застанува на постојките и не сака да пушти клима, возењето наликуваше на трка;

- Сабота 20.08, возило 1020 на линија 24, испод секаков стандард, непријатни звуци, се распаѓа возилото, нечисто до недоглед;

- за линија 57 да не коментирам, секој ден распад возила, на чело со 1173 и 1107;

- на линија 7, возило 1246 едвај се движи, два пати дефект во 3 дена (олабавен каиш на Тутунски комбинат кон Лисиче, шлепање на возилото од Лисиче до гаража Автокоманда) и упорно се пушта тој крш по улиците;

Тој се пожали и на проблемот со апликацијата „скопска“.

-Имам месечен билет за август заверен - во некој автобус поминува куцањето, во друг добивам порака со грешка.

Граѓаните кои имаат прашања или забележки околу апликацијата може да побараат одговор и помош преку меил адресата apskopska@jsp.com.mk.