Исчезна Македонка која со автобус требало да стигне на Лефкада

Завчера исчезна 69-годишната Милица Гелова, која била во Грција и требало да стигне на Лефкада.

- Ве молам за помош, женава вчера (09.08) е качена во 10 часот на автобус од Агростоли кон Фискардо, каде што требаше да се качи на брод и упати кон Василики. Ако некој ја забележи, секоја информација ми е од помош, споделете, објави Авгинија.

За среќа, денеска жената била пронајдена и тргнала кон Македонија.