Трајановски му посака добредојде на новиот холандски амбасадор

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска оствари протоколарна средба со новоименуваниот амбасадор на Кралството Холандија во Република Македонија, Н.Е. господин Вилем Воутер Пломп.

Градоначалникот Трајановски на амбасадорот Воутер Пломп му пожела успешна работа и престој во Република Македонија и Скопје.

На средбата се разговараше за досегашната соработка на Градот Скопје со амбасадата на Кралството Холандија во Македонија, која двајцата соговорници ја оценија како одлична и изразија надеж дека истата и понатаму ќе продолжи да се развива.

На средбата се дискутираше и за состојбата и развојот на локалната самоуправа, децентрализацијата и преостанатите предизвици со кои се соочуваат општините во Република Македонија.