Арсовска – Брот: Размената на добри практики и знаења меѓу европските градови се важни за локалниот развој

Градоначалничката Данела Арсовска денеска оствари средба со Цвика Брот, градоначалник на градот Бат Јам во Израел, на маргините на Меѓународниот форум за градоначалници што се одржува во Скопје. 

Енергетската ефикасност, одржливото управување со природните ресурси и заштитата на животната средина се главните теми на кои Арсовска и Брот разменија разговараа, како и за размената на добри практики за локален развој и потенцијалните можности за соработка.

Двајцата градоначалници изразија желба за понатамошна соработка и поддршка на проекти што ќе бидат од корист за граѓаните.

На Меѓународниот форум за градоначалници што денеска се одржува во Скопје присуствуваат градоначалници од земјава и странство, реномирани експерти кои разменуваат знаења и добри практики со кои би се подобриле перформансите на општините, информираат од Град Скопје.