Скопјанец не може да докаже дека е жив поради неговиот брат близнак

Еден скопјанец се соочува со несекојдневна ситуација затоа што повеќе 20 години не може да докаже дека е жив, објави „СДК.мк“.

Иако има правосилна судска пресуда, резултати од две ДНК-анализи, сепак Афет Џелилов не може да докаже дека е жив, откако неговиот брат близнак Нусрет Џелилов починал во 2001 година.

Управата за водење на матични книги го „избришала“ уште во 2001 година, па сега Џелилов бара помош од Народниот правобранител.

- Сè ми е измешано во главата во оваа држава. Ма малтретираат со години, нема врата на кја не сум тропнал. Јас сум во домашен затвор. Бев пријавен на мое име, но кога ми заврши важноста на личните документи, заврши и мојот работен однос. Немам лична карта, непријавен сум на работа, а од 2010 година останав и без банкарска сметка, открива Џелилов за „САКАМДАКАЖАМ.МК

Случајот го води заменичката - народен правобранител Сузана Салиу, која е револтирана од штетата која ја прави Управата за водење матични книги во случајот.