Искрено писмо од еден заљубен скопјанец

Понекогаш се обидував да се претставам со лажен сјај.Но, тогаш срцето ми се кршеше на илјада парчиња кога ќе помислев дека немам пари да те почестам, а ти зборуваше за брак патувања, уживања!“

Бев млад, залетан, вљубен и изгубен сите ми викаа не сте еден за друг, оваа работа нема да трае долго. Но, бев против сите.

Се возев со 23-ка до Рекорд каде се чекавем, а тебе секогаш те носеа твоите со кола.Бев многу заљубен мислев дека и на тебе ти е убаво кога зедно се шетавме низ Центар, серќни и задовлони грицкајќи сончоглед те прашував дали се чуствуваш убаво како јас ти секогаш се насмевнуваше трепкајќи ми.

Кога ќе ме поканеше на некоја журка или на вечера заедно со твоите другари упорно одбива бидејќи знаев дека таму не припаѓам и ќе ти речев, а да дојдеш до кај мене да гледаме филмче и јадме пуканки, ќе те чекам на автобуска.... Упорно ги одбивав сигналите дека потекнуваме од два различни света.Некогаш ќе помислев што можам јас да и понудам на оваа девојка љубов, верност, романтика...

За другарите околу тебе бев само клошар кој не може да те изнесе на ручек или пак да те однесе на летување.Сите беа против нас. Твоите родители велеа дека не сум за тебе и дека ќе те направам несреќна.Мојата околина ме гледаше како фраер кој има богата девојка, но не е така... Не сакам никој да ме сожалува ниту да ме издигнува.Знаеш искрено не можам да ти дадам сé што посакуваш во животот...А ме боли тоа дека ти е побитно од љубовта.