Што прво забележуваат скопските мажи кога ќе видат убава жена?

Мажите честопати прават топло ладно. Ако ви обрати мало или никакво внимание, или не е воопшто заинтересиран или е многу заинтересиран и ја користи силата на волјата да избегне да ве гледа.

Дали некогаш сте се запраше што гледаат мажите кога ќе се сретнете првпат со нив? Еве неколку изјави и мислења на скопски момчиња што прво им паѓа во очи кај жената.

-Јас се вртам по жени со атрактивна фигура. Различни мажи ги привлекуваат различни работи. На некои најважна им е личноста, а убавото тело е само бонус.Исто така забележувам работи како што се формите на усните, бојата на очите, вели Сашо од Центар.

-Дефинитивно го запаметувам начинот на којшто се поздравува и што сме збореле потоа.Тоа е основата на тоа  како си го замислувам дијалогот со девојката во иднина. Дури и само ако каже едно „еј“ тој еден звук ќе остане со мене се додека не добијам шанса повторно да разговараме со нејзе, вели Марко од Кисела Вода.

Истот така во едно истражување се вели дека мажите обраќаат внимание на тоа како се или не се однесувате кога сте близу до нив, на пример, како играте со вашата коса или слично.

-Не се интересира дали носи бренд, кој бил дизајнерот, или каде си  ја купила облеката. Ми се допаѓаат жени кои изгледаат секси и слатко во тоа што го носат, вели Маријан од Чаир.

Сите во едно се согласни дека најважно од се, ако жената ни се допаѓа, ние бараме знаци дека и вие стезаинтересирани за нас.