Швалерски водич за скопски мажи

Скопските мажи маки мачат да навлечкаат жена во кревет, секако не се мисли на својатa а, во суштина, се работи само за немање концентрација и лош избор на жена.

-Дел од скопските швалери заштедуваат пари така што се откажуваат од излегување со сопругата, за да можат да заштедат пари кои ги користат за излегување или патување со љубовницата. Има самобендисани „швалери“, кои ќе се залепат за некоја жена која е тешка како црна земја, и се чудат зошто не им оди, вели еден искусен скопјанец.

Не треба да губите време и самодоверба, сменете ја жената, и побарајте една од овие:

Депресивни жени

Има разлика помеѓу првоспомнатите, и депресивните. Незадоволните од својот живот си донеле одлука за тоа, и влегуваат во акција барајќи промени. Депресивните се предале, се обвинуваат себеси, и се доживуваат како жртви на некого или нешто, пропаѓаат и немаат план за ништо, туку очекуваат нешто да се случи само од себе.

Сите знаеме барем неколку жени кои се често во депресија, и создаваат драма и напнатост од својата жртва и онаму каде што за тоа нема причина.

Следи нова драма, и нова депресија... а, ако има среќа, депресивната жена ќе налета на нов швалер.

Жени кои сакаат да им угодат на другите

Швалер со интинкт и искуство ваквите ги забележува оддалеку. Настапува како човек кој копнее по внимнаие и пријателство, кој исклучително ја цени туѓата добрина и отвореност. Лик кој е благодарен ако жената му даде поддршка и разбирање.  И, го добива тоа од неа. За задоволството да биде потполно, во таа атмосфера на близина и сплотеност, сексот е неизбежен. По сексот, жената е задоволна затоа што успеала некого да крене на нозе, да му учини и да го направи среќен верувајќи дека е тоа доказ на нејзината моќ и позитивна енергија. Задоволен е и швалерот, секако. Така, оправен и дигнат на нозе, заминува понатаму, а таа, која толку сака да им угоди на другите, останува сама.

Жена со бујна фантазија

За кусо време швалерот сознава што и треба, и токму тоа го нуди. Нејзината биографија, емоции, карактер... стануваат за него најважни во животот, и тоја почнува да ја воздигнува со планови за иднина, комплименти за нејзинот вкус, воодушевеност од духовитоста и нејизниот карактер, од нејзиниот хороскоп и избор на музика. Таа веќе не е на земја, туку на седмото небо на возвишеноста.

А на седмото небо ја чека швалерот во кревет. Да ја прослават возвишеноста заедно.

Нема да помине многу време, а нејзиниот карактер, вкус и духовитост ќе му станат здодевни, и се поретко ќе ги спомнува пред неа. Плановите за заедничка иднина, ќе останат тоа што се – планови за иднина, но секако не зедничка.

Жена на која сексот и е оружје

Ове жени  се убедени дека мажите ги интересира првенствено секс, а потоа се друго и не се ни трудат да изградат други содржини кај себе со кои би комуницирале со машкиот дел од светот. А и да изградат, сето тоа е комбинирано со нагласената секусланост која според нив мора да се види и забележи. И да се стави во функција.

За швалерите освојувањето и сексот со овие жени е како годишен одмор. Пауза помеѓу вистинските напорни освојувања на останатите типови жени, кога со малку труд и напор овие жени се освоени и сексот се случува речиси на поминување.  Иделно за потреби на швалерот.

Секако, штом е тоа цената за секс - швалерот ќе ја потврди нејзината теза дека мажите се егоисти кои само секс ги интересира, и не гледаат никакви други квалитети и содржини кај жената.