ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ: Ова се температурите за викендот и од понеделник

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, со појава на магла по котлините. 

Од Управата за хидрометеоролошки работи соопштуваат дека дневната температурата ќе се движи до 10 Целзиусови степени.

Слично време со несекојдневно високи температури за зимскиот период ќе се задржат и во недела. Од УХМР за ввториот ден од викендот најавуваат слаб до умерен северен ветер.

Поради продор на многу потопла воздушна маса од јужните географски широчини особено на почетокот од следната недела ќе има и голем пораст на максималните дневни температури на воздухот кој ќе се искачуваат речиси насекаде до околу па и над 10 степени додека во централните и во југоисточните предели истите ќе се искачат дури и до околу 16, 17 степени што се навистина пролетни. 

Со невообичаено топло време и високи температури на воздухот ќе го завршиме јануари.