Какво време не очекува во наредните денови?

Во Македонија во петок во утринските и претпладневните часови ќе преовладува претежно сончево и топло време, попладне развој на нестабилност што ќе услови нестабилно време со врнежи од дожд и грмотевици, а локално можна е и појава на невреме.

Минималните температури од 9 до 18 степени, а максималните од 24 до 34 степени. Во сабота умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд и грмотевици и со услови за локална појава на невреме но и посвежо време.

Утринските температури од 9 до 18 степени, а максималните ќе бидат во опаѓање и ќе се движат од 20 до 30 степени. Слично време не очекува и во недела со тоа што во југоисточните предели како и долж повардарието се очекува стабилно време без врнежи од дожд.

Минималните температури од 10 до 19 степени, додека пак дневните че достигнат до 19 односно до 29 степени. Во понеделник во утринските и претпладневните часови претежно сончево и топло, попладне развој на нестабилност и локални врнежи од дожд и температи кои ќе бидат во пораст и ќе достигнат до 24 односно до 34 степени.