Прегазен пешак во центарот на Скопје, со тешки повреди однесен е во болница

Денеска во 01.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Васил Главинов“ и ул.„Максим Горки“ во Скопје, патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.Ц.(72) од Скопје, удрило во пешакот Б.П.(33) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.