Прегазен пешак во Скопје

Пешак од Скопје е тешко повреден откако бил прегазен од „шкода“. 

Како што соопшти полицијата, вчера во 15.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Народен фронт“ во Скопје, патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.К.(42) од с.Бањане, скопско, удрило во пешакот Д.Ѓ.(37) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.