Повеќе пријави за семејно насилство, биле тепани малолетник, мајка, парнерка

Билтенот на МВР бележи повеќе пријави за семејно насилство каде биле нападнати малолетник, мајка и партнерка на еден од напаѓачите.

- Вчера во 12.15 часот во СВР Скопје, 47-годишна жена пријавила дека околу 02.00 часот во семејниот дом во скопско, нејзиниот сопруг А.Е. физички го нападнал нивниот малолетен син. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

- На 21.03.2023 во СВР Скопје било пријавено дека на 18.03.2024 околу 14.00 часот во семејниот дом на подрачјето на Кисела Вода, Б.Л.(27) од Скопје физички ја нападнал својата 52-годишна мајка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

- Денеска во 01.20 часот во СВР Скопје, 31-годишна жена од Скопје пријавила дека на 21.03.2024 во населбата Хиподром била физички нападната од својот партнер А.Ј.(43) од Скопје, кој употребил и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.