Наместо осмомартовски честитки две жени до СВР Скопје пријавиле физички напади

Првиот напад од билтенот на МВР е од 07.03.2024 година каде во 14.10 часот во СВР Скопје, 52-годишна жена од Скопје пријавила дека на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг Т.С. од Скопје.

Вториот напад е од денеска каде после полноќ во 01.00 часот во СВР Скопје, 35-годишна жена пријавила дека на подрачјето на Кисела Вода, таа и нејзината мајка биле физички нападнати од нејзиниот сопруг Д.Н.(57), кој употребил и тврд предмет.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на овие два случаи.