Поставени гумени платоа на „Васко Карангелевски“ со цел поголема безбедност

Од ЈП Улици и патишта соопштија дека во текот на изминатиот ноќ во периодот од 22 часот до 7 часот утрово екипи на претпријатието при редовната контрола и обиколка на вертикалната сигнализација на градските сообраќајници извршија замена на оштетени сообраќајни знаци на улицата Васко Карангелевски и ги поставија новите гумени платоа за забавување на брзината на движење на возилата.

На улицата 11ти Октомври беше обележана хоризонталната сигнализација на пешачките премини со ладна пластика. Обновата на сообраќјната сигнализација се извршува со цел зголемување на безбедноста на учесниците во сообраќајот.