Не помина недела дена откако Град Скопје ја пушти во употреба Васко Карангелески и веќе гледаме страшни слики, алармира Лазаревски

Новата улица, односно булевар „Васко Карангелески“ во Општина Аеродром кој е во непосредна близина на ОУ „Љубен Лапе“,  и претходно предизвика голем број реакции од родителите дека поради недостатокот на сообраќајници знаци ова е нова „црна точка“ во сообраќајот во овој дел од општината, а овој пат реагираше уште еден жител од овој ден на градот. 

- Не помина недела дена откако Град Скопје ја пушти во употреба Васко Карангелески и веќе гледаме страшни слики! Предупредив дека оваа улица е следната црна точка и дека ќе се изнагледаме вакви ситуации. Во непосредна близина на училиште има две раскрници без семафори, порача Марјан Лазаревски на својот фејсбук профил.

Упати и апел до Град Скопје: 

- Град Скопје, тргнете ја гордоста на страна, итно направете промена во проектот и овозможете им на жителите, возачите и децата безбедно движење - пред да се случи трагедија. Не може бескорисни борчиња насадени за ПР да ви се приоритет пред семафори.