Откриено зошто Стевчо Јакимовски се најде на „црната листа“ на САД

Вчерашната емисија на КОД открива дека дел најголемата причина зошто Стевчо Јакимовски е на црната листа на САД е неговото самоволие во урбанизмот односно ја искористил својата моќ и положба како градоначалник на Карпош да дава урбанистички дозволи на територијата на Карпош. Еден од примерите е новата дозвола што Јакимовски ја даде за изградба на 17-катницата која ја прави Фатмир Етеми и неговата ЗСФ.

Но тоа не е се. Според КОД има правни дилеми околу градењето на оваа зграда, поточно овој ДУП поминал низ Уставниот суд. Во 2016-та година кога Уставниот суд ја оценувал уставноста на општината за овој ДУП се прогласил дека нема да ја продолжи постапката за нејзино оценување. Тоа е така зошто тогаш општината на чело со Јакимовски им јавиле во Уставен и кажале дека извршиле преправка на тоа местото каде се гради сегашната зграда иако претходно постолела маркица за градба. Ова според КОД значи дека зградата се гради по ДУП кој е прогласен за неважечки и тоа не од било кого туку од страна на уставните судии.

Во новата одлука што ја носи Уставниот суд се вели дека одлуката се УКИНУВА за детален урбанистички план за градска четрврт „3 05“ опфат помеѓу бул „Илинден“, бул „8-ми Септевмри“, бул „Партизански одреди“ и „Љубљанска“, Блок 1, Блок 5 и Блок 8 , општина Карпош-Скопје бр.09-89/2.

Со укинатиот ДУП, спорната зграда продолжува да се гради што значи дека на местото каде што се гради оваа 17-катница тек допрва треба да донесе нов урбанистички план. Општината на Етеми му издала дозвола за градење според план кој прво важел, па не важел па бил укинат па сега воопшто не постои.