Јакимовски е најверојатно единствениот во светот што поднесе кривична зошто е ставен на „црната листа“ на САД

Денеска до основното јавно обвинителство градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски го направи најуникатниот потег- поднесе кривична пријава против непознат сторител во врска со ставањето на неговото име на „црната листа“ на американскиот Стејт департмент.

Јакимовски смета дека има граѓани во Македонија кои се одговорни за целата оваа ситуација како и за нивното директно вмешување во изборната трка. Тој притоа изјави дека е спремен да одговара пред било кој државен орган вклучувајќи ги и САД.

„Јас сум човек со достоинство, со чест. Достоинството на еден човек чини онолку колку што е подготвен да го плати. Јас сум спремен да платам и најцисока цена, но нема да попуштам пред неправдата и пред сите оние што се организирале за да направат нечесна игра и грубо мешање во изборот на претседател во Република Македонија и ќе истраат максимално. Поднесов кривична пријава против Н.Н. сторител до ЈО оддел за органиизран криминал и корупција и во исто време побарав средба во Обвинителството. Имам да им соопштам одредени сознанија кои јас ги имам. Во исто време стојам на располагање за што било да разговараме“, рече Јакимовски,

Посочи дека за ова се одговорни лица кои против него поднесувале кривични пријави кои немаат основаност за подоцна да се има изговори дека правосудството во земјата не постапува.

„Јас сум длабоко убеден дека ова не е од истражни органи, дека ова не е од претставници на Амбасадата и официјалната американска политика туку е од македонски кодоши кои што се впуштени во овие нелесни игри и кои цело време суфлираат кој е тој што треба да се најде на црна листа без при тоа да има какви било истраги и докази, туку по наратив кој што тие ќе го создадат во јавност дека овој е криминалец итн“., вели Јакимовски.

Според него, интерес ова да го прават го имаат политичките противници и „оние на кои не им одговарало земјава да има политичари кои размислуваат со своја глава, туку кои безпоговорно ќе ги прифаќаат сите нивни одлуки, нема за ништо да приоговараме, постојано ќе повторуваме дека требада останеме на европскиот пат, колку и тоа да е штетено за македонските граѓани“.

Актуелниот градоначалник на Карпош и претседателски кандидат, Јакимовски заедно со поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, се најдоа на дополнетата „црна листа“ што во понеделникот ја објави Стејт департментот на САД за, како што се наведува, вмешаност во коруптивни дејствија.