Инфомакс ја прекинаа соработка со Арсовска, не се пронашле во идеологијата што ја пропагира градоначалничката

Едни од најголемите подржувачи на градоначалничката Арсовска, порталот Инфомакс во нивната 139-та епизода на „Тешки муабети“ открија дека ја прекинале соработката со Арсовска. Причините се дека идеологијата која се промовира од страна на градоначалничката не е прифатлива за Инфомакс.

„ Не сме ја расипале калимерата со Данела, но сме ја прекинале соработката. Ние сме десничари и не сме се пронашле во идеологијата, немало ништо посебно кажа главниот уредник на Инфомакс, Александар Митовски.

Од неофицијални извори се зборува дека и неговата сопруга Наталија Ивчева не е веќе дел од тимот на Арсовска. Инаку Ивчева требаше да биде нов Генерален секретар на град Скопје откако претходниот Зоран Глигоров беше во центарот на скандал поврзан со семејно насилство. Тогаш Арсовска рече дека Ивчева е новиот генерален секретар иако таа никогаш официјално не ја превзеде таа функција. Неофицијално причината беше што Ивчева не ги исполнуваше законските критериумите за да може да биде нов генерален секретар на Град Скопје.