Тошковски од пунктот „Пролет“: Викендов ќе бидат одобрени 20.000 лични документи

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес беше во посета на пунктот за сликање на лични документи во полициската станица Пролет во Скопје.

Тошковски изрази благодарност до 40 вработени од отсеците за управни работи Куманово, Велес, Штип и Тетово кои вчера и денес, како и во наредните викенди ќе дадат поддршка во процесот на одобрување на барања за издавање лични документи. Им се заблагодари и на останатите колеги од ОУР Скопје кои работат на тој план.

„Во текот на вчерашниот ден, со здружени сили, одобрени се околу 9.000 барања за издавање на лична карта на жителите на Скопје, а проценките се дека заклучно со денес ќе бидат одобрени околу 20.000“, рече Тошковски.