Одбележување на Водици во Општина Бутел

Почитувани граѓани на Општина Бутел Ве повикувам во духот на православната христијанска вера и традицијата заедно да го прославиме големиот христијански празник Богојавление - Водици и да присуствуваме на фрлањето на светиот крст напиша Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски

Оваа година на 19.01.2023 (петок) под покровителство на Општина Бутел светиот крст ќе се положува во водите на неколку локации.

Љубанци на река Љубанска со почеток од 10:00 часот

Црква “Св. Наум Охридски” во Радишани со почеток од 10:45

Црква “Св. Јован Крстител” во населбата Бутел 1 со почеток од 11:30

Да бидеме дел од оваа манифестација и со гордост да ја продолжиме нашата вековна традиција и да ги прославуваме нашите православни празници кој се главен белег на македонскиот народ.