По шест децении општина Бутел добива нова градинка - еве како ќе изгледа објектот

По шест децении општина Бутел добива нова градинка, објави градоначалникот на оваа скопска општина Дарко Костовски. 

- На мое огромно задоволство по 60 години старата, руинирана детска градинка во населеното место Бутел 2 заминува во историја. Објектот кој е изграден во далечната 1964 години ќе се сруши и на негово место ќе изградиме нова модерна, современа детска градинка, објави тој и сподели видео од тоа како ќе изгледа новиот објект. 

 Новата градинка ќе има капацитет за 200 деца и ќе ги исполнува сите модерни услови за згрижување на деца од предшколска возраст.

- Реализираме големо барање на граѓаните. Ова е капитален објект кој ќе го реализираме после долги години лажни ветувања. Наскоро по отстранување на стариот објект ќе започнеме со изградбата на новата детска градинка, порача Костовски.