Забава за сите генерации - Синоќа се одржа голем Велигденски хепенинг во Ѓорче Петров

Синоќа во Ѓорче Петров се одржа голем Велигденски хепенинг. 

- Изминатиот период интензивно вложувавме и се залагавме за бројни културни манифестации во Ѓорче Петров, преку кои главна цел ни беше сплотување на ѓорчепетровци и создавање на преубави спомени. Оваа година одлучивме Велигден да го одбележиме со преубав музички хепенинг и најдобрите македонски музички изведувачи. Приредивме забава за сите генерации и за сечиј вкус, а најсреќни и најзадоволни беа најмладите, порача градоначалникот на општината Александар Стојкоски. 

- Среќен сум и ме радува секоја ваква можност да се сретнам и да се дружам со моите сожители, но исто така и сите соседи и пријатели меѓусебно да се видат и да имаат можност да се развеселат. Македонската музика е она коешто сите нѐ сплотува и кое ни буди искрена емоција, токму затоа наша должност е да ја промовираме македонската музика и македонската култура, додава тој.