Населеното место Љуботенски пат во скопски Бутел ќе добие нов спортско-рекреативен центар кој ќе ги носи името „Бранители“.
- Ова е место на кое во минатото пораснаа многу генерации, но за жал изминатите години беше целосно запуштено и претворено во депонија, порача градоначалникот на Бутел Дарко Костовски кој изврши увид на активностите.
Спортско-рекреативниот центар “Бранители” кој ќе се протега на повеќе од 5000м2 ќе ги има следните содржини:
- Ќе биде изградено модерно фудбалско игралиште со вештачка трева, нова метална ограда и ново лед осветлување.
- Ново баскет игралиште со специјална подлога
- Реконструкција на детското игралиште со нови модерни содржини
- Фитнес зона за вежбање и рекреирање
- Нов парк и нови зелени површини
-Нови пешачки патеки, нова урбана опрема, како и ново лед осветлување.