Утре бесплатен паркинг во Центар

По повод Македонските претседателски и парламентарни избори, од ЈП Паркинзи на општина центар известуваат дека утре (среда) паркиралиштата со кои стопанисува јавното претпријатие ќе бидат без наплата за сите граѓани.

Дирекцијата на ЈП Паркинзи на Општина Центар во катната гаража „Судска палата“ нема да работи, а сите услуги можат да се користат електронски на www.poc.mk.

Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и работењето на дирекцијата ќе продолжат на 09.05.2024 година (четврток) со вообичаено работно време.