Ново Лисиче доби три нови пешачки патеки

За време на викендот Ново Лисиче доби три нови пешачки патеки со павер елементи, со што се олеснува движењето на граѓаните, информираа од општина Аеродром. 

Едната патека е покрај основното училиште Лазо Ангеловски, другата крај градинката Буба Мара, а заврши изведбата и на пешачка патека и во најфреквентниот дел на булеварот АСНОМ.